По смртоносната автобуска несреќа во која загинаа 45 патници, превозникот „Беса транс“ остана без лиценца за работа

Nesreka avtobus Bugarija

Превозникот „Беса транс“ остана без лиценца за работа по смртоносната автобуска несреќа во која загинаа 45 патници, а седумина се повредени.

Zito akcija 640x289px

Од Министерството за транспот и врски информнираат дека согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата „Беса транс“ БТБ ѝ се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејноста.

Agria

Министерството утврди дека за опожарениот автобус нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид на јавен превоз на патници.

Овој автобус го нема во евиденцијата на издадени лиценци, каде што се регистрирани четири други автобуси на фирмата „Беса транс“ БТБ.

Фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски.

Дополнително, Владата на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот „Беса транс“ БТБ.

Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции, при што информира дека стои на располагање со целокупната база на податоци.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25314/kosta-nojkov-naznachen-za-zamenik-gradonachalnik-na-opshtina-veles/