89 годишен пациент од Велес е починат на инфективното одделение во велешката болница од ковид-19. Тој имал хронична белодробна болест, хипертензија и срцева слабост.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 4 пациенти, што е за еден пациент повеќе од вчерашниот ден. 32 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а 10 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 12 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 20 пациент, во Модуларната болница има 18 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат пет пациенти. Во велешкиот ковид центар има 55 слободни места, 30 на инфективно одделение и 25 во Модуларната болница.
Можеби ќе ве интересира: