82 години од печатењето на „Бели мугри” на Кочо Рацин

Koco Racin Beli Mugri

На денешен ден, 25 ноевмри во 1939 година во Самобор, во непосредна близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, излегла од печат збирката песни „Бели мугри” од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Zito akcija 640x289px

Збирката, испечатена во 4.000 примероци, претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен – пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе.

Содржината продолжува под рекламата

Таа е антологија на болките и страдањата на македонскиот народ – експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Покрај ова, таа е проткаена со борбеност и револуционерен дух.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: