Вчера Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Кочани е регистриран првиот случај на заразен со коронавирус.
Мажот на околу четириесетгодишна возраст се пријавил за тестирање по што тестовите покажале дека е позитивен.
Не е позната причината како се заразил но сепак сега се прават дополнителни анализи за да се утврди со кого заразеното лице било во контакт.
Кочани е една од општините во кои континуирано се спроведуваат низа мерка. Од вчера се затворени и седумте повеќенаменски игралишта во Кочани и во Оризари. По примерот на детските коишто не се во употреба од 21 март, црвените ленти и краткото писмено соопштение поставени од општинските служби, ја означија забраната за користење и на повеќенаменските игралишта.