Македонија денеска ќе го дознае својот противник за баражот за пласман на Светското првенство во Катар

Navivaci na Severna Makedonija
Navivaci na Severna Makedonija

Македонската репрезентација денеска од 17 часот преку ждрепката во Цирих ќе го дознае својот противник за полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Zito akcija 640x289px

Македонија е една од 12 репрезентации кои ја очекуваат денешната ждрепка откако преку најдобриот свој квалификациски циклус во историјата се избори за второто место во Групата Ј, веднаш зад Германија.

Agria

Македонскиот национален тим е во групата неносители пред ждрепката, заедно со Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина, па противникот за полуфиналето во баражот ќе го бара меѓу селекциите на Португалија, Италија, Велес, Шведска, Русија и Шкотска.

Баражот ќе се игра согласно новиот модел на ФИФА, нешто слично како и во плеј-офот од Лигата на нации за пласман на ЕВРО 2020, во кој вкупно 12 селекции (10 второпласирани од квалификациските групи и плус две репрезентации од Лигата на нации, Австрија и Чешка) се поделени во два шешири на носители и неносители.

Притоа со ждрепката од Цирих ќе бидат одредени шесте полуфинални двојки. Веќе е познато дека победникот од првата полуфинална двојка во финалето за место на Мундијалот 2022 ќе се соочи со победникот од втората полуфинална двојка, победникот од третата со победникот од четвртата и победникот од петтата со победникот од шестата полуфинална двојка.

Поради правилото на ФИФА за „забранети пресметки“, единствено е познато дека Русија и Украина не може да бидат извлечени една против друга на патот кон СП 2022.

Неносителите полуфиналето од баражот ќе го играат на теренот на противникот кој ќе биде од листата носители. Домаќинот за финалниот натпревар за пласман на СП 2022 ќе биде одреден со дополнителна ждрепка исто така денеска во Цирих.

Полуфиналните натпревари од баражот за пласман на Мундијалот ќе се играат на 24. март а финалните на 29. март следната година. Победниците од трите финални натпревари патуваат за Катар на Светското првенство во декември следната година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: