На конститутивната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион што се одржа во просториите на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев е избран за Претседател на Совет на Вардарски плански регион.
Мандатот на Претседателот е една година сметано од денот на изборот, без право на повторен избор во тековниот мандат.На конститутивната седница се верификуваа и мандатите на членовите на Советот на вардарски плански регион.
Содржината продолжува под рекламата
Промени има и во Центарот за Развој на Вардарски плански регион . Татјана Темелковска вработена во Центарот за Развој на Вардарски плански регион е назначена за в.д. директор на институцијата.
Можеби ќе ве интересира: