Две лица кои беа во несреќата на автопатот Струма во соседна Бугарија утрово се отпуштени од болницата „Пирогов“, соопшти прес-центарот на болницата.
Пациентите се стабилни и во добра општа состојба, и тие се очекува тие да бидат сместени на опсервација во медицинските установи во С.Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за пластична хирургија на УМХАТ „НУ Пирогов“ ги предаде пациентите на медицински тимови од земјава. Останатите четири жртви од автобуската несреќа се во добра општа состојба.
Содржината продолжува под рекламата
Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера.
Можеби ќе ве интересира: