Реклама

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Двајца насилници крвнички тепаат девојка во Штип

Вознемирувачко видео на кое се гледа како момчиња брутално напаѓаат и тепаат девојка се појави на социјалните медиуми. Додека ја тепаат, двајцата насилниција обвинуваат дека излажала дека е бремена.

Zito akcija 640x289px

Видеот е споделено во група на фејсбук и според личноста која го споделио, се работи за инцидент кој се случил во Штип. На групата дури се открива и идентитетот на двете момчиња – насилници и но и информацијата дека видеото станало вирално, откако тие го објавиле на социјалните мрежи.

Agria

Полицијата ги уапси насилниците.

„Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р. За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство. Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот“, напиша на фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Ве известувам дека лицата се идентификувани и приведени. По овој случај постапуваат Бирото за јавна безбедност и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за вакво нечовечко однесување“, рече заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Се огласи и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

„Згрозен и потресен сум од снимките со крајно вознемирувачка содржина кои прикажуваат насилство врз девојче, а кои очигледно се случиле во нашиот град. Силно го осудувам овој одвратен, примитивен чин на насилство. Информиран сум дека службите веќе ги лоцирале сторителите на ова нечовечко дело и дека насилниците веќе се приведени. Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори“, рече Бочварски.