По Белгија вчера и Велика Британија денеска, Италија и Германија ги пријавија првите заразени случаи со новиот вид на коронавирус наречен омикрон. Во Германија две лица се заразени со новата варијанта, а тоа се патници кои дошле од Јужна Африка, каде за прв пат и е откриен сојот.
Во Италија е откриен случај на лице кое се вратило од Мозамбик, соопштија тамошните власти. Италија во петокот го забрани влезот на граѓаните кои беа во Јужна Африка во следните две недели.
Содржината продолжува под рекламата
Во петокот, Швајцарија ги забрани директните летови од Јужна Африка и околниот регион поради откривање на нова варијанта на КОВИД-19, истовремено воведувајќи ограничувања за патување од други земји, вклучително Хонг Конг, Израел и Белгија.
Содржината продолжува под рекламата
Швајцарија во саботата ги прошири барањата за карантин за да го спречи ширењето на новата варијанта на коронавирус Омикрон кај патниците кои пристигнуваат од Британија, Чешката Република, Холандија, Египет и Малави, каде што се откриени случаи, соопшти нејзиното Министерство за здравство.
И Соединетите американски држави ќе го забранат влезот на повеќето патници од осум јужноафрикански земји почнувајќи од понеделник, откако беше идентификувана потенцијално позаразна нова варијанта на Ковид во Јужна Африка.
Ограничувањата се однесуваат на Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави. На повеќето неамерикански државјани, кои биле во тие земји во претходните 14 дена, нема да им бидат дозволен влез во Соединетите држави.
Можеби ќе ве интересира: