Состојбата во велешкиот ковид центар со хосптализирани пациенти е иста како вчера. Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 35 пациенти, 25 имаат позитивни тестови, двајца пациенти се сомнителени на вирусот, а осум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 15 пациенти.
На инфективното одделение се сместени 16 пациент, во Модуларната болница има 15 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа поради компликации од ковид-19 е примен е еден пациент, испишани се тројца пациенти со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: