Реклама

Дневен хороскоп за 1-ви декември

хороскоп

Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за првиот ден од декември.

Zito akcija 640x289px

ОВЕН

Agria

Немате време за пауза и максимално сте посветени на приватните обврски. Треба да најдете време за одмор и релаксација. Ако сте слободни, тоа моментално ви се допаѓа да биде така. Ќе имате убава шанса за неколку дена да размислите за влегување во нова врска. Зголемете го внесот на течности преку вода и чаеви.

БИК

Поволен ден за оние кои практикуваат некаква уметност. Не е добро аспектирано полето на пари. Имате многу поволни аспекти и денес можете да ја изберете вистинската личност за врска. Водете сметка за исхраната.

 БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате прилично тивок, дури и малку досаден ден. Платете ги вашите неподмирени сметки. Можно е да флертувате со две различни личности во исто време. Тешко ви е да донесете дефинитивна одлука за тоа кој ви се допаѓа повеќе. Чувствителен нервен систем.

РАК

Правите планови кои не зависат од вас. Размислете добро за сè. Понекогаш е добро да се притисне рачната сопирачка. Запознавте нова, интересна личност, но не сте сигурни дали има искрени намери кон вас. Циркулаторни проблеми во нозете.

ЛАВ

Имате многу енергија и уживате во работата што ја работите. Можно е и унапредување доколку продолжите вака. Можно е денес да ја решите вашата нова емотивна врска и да им ја откриете на пријателите. Проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

Се наоѓате во прилично хаотична ситуација и тешко ви е да се организирате на вистински начин. Партнерот ви прекорува што се оддалечувате од него. Разговарајте со него за проблемите што ги имате. Потребен ви е одмор.

ВАГА

Поволен ден за сите оние кои се опкружени со жени на работа, ќе имате многу добра соработка со колегите. Вие сте исклучително задоволни. Личноста која ви се допаѓа ви покажува многу внимание и вие сте пресреќни поради тоа. Можни се проблеми со грчеви во мускулите.

ШКОРПИЈА

Ако сте премногу нетрпеливи, ќе го загрозите исходот од деловниот проект. Треба да се соберете малку. Партнерот нема доволно разбирање за емотивните сомнежи кои моментално ве мачат и мисли дека претерувате во некои работи. Зголемен стрес.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за сите кои се занимаваат со технологија, комуникации и работи поврзани со компјутери. Влегувате во многу пријатен контакт и флертувате со сосема нова личност. Се препорачува да ја искористите шансата.Чувствителен нервен систем.

ЈАРЕЦ

Можно е претпоставените да одлучиле да ве оптоварат со дополнителни обврски. Брзо променете го вашиот ладен став ако сакате да се зближите со личноста што ја сакате. Дигестивни проблеми.

ВОДОЛИЈА

Можете лесно да бидете изманипулирани. Внимавајте и не им верувајте на луѓето што не ги познавате доволно добро. Многу лесно можете да запознаете интересна личност преку социјална мрежа. Ново искуство за вас. Проблеми со мигрена.

РИБА

Треба малку да ги намалите вашите очекувања. Претерано големите планови во моментов не се остварливи за вас. Не ви се допаѓа наметливиот став што го зазеде вашиот партнер. Ви се чини дека станал премногу арогантен и фалбаџиски. Проблеми со стомак.

Можеби ќе ве интересира: