Поради намаливање на бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница, од денес се затвора Модуларната болница. Оние пациенти кои имаа позитивни тестови на ковид-19 ќе бидат префрлени на Инфективното одделение, додека оние кои имаат негативни тестови за продолжено болничко лекување се префрлени на Интерното одделение.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 28 пациенти, што е за двајца пациенти помалку од вчерашниот ден, 16 пациент имаат позитивни тестови, четири пациенти се сомнителени на вирусот, осум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега, на кислородна поддршка се 13 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар е починат 82 годишен пациент од Велес. Хоспитализирани се четири нови пациенти, а испишани се двајца пациенти со по еден негативен ПЦР тест.
Можеби ќе ве интересира: