Повредени се пет велешани – СВР Велес со детали за синоќешната несреќа кај Паб

Петмина велешани се повредени во синоќешниот инцидент, кога возило марка „Сеад Ибица“ кое го возел 27 годишен велешанец, 40 минути после полноќ излета од патот и удри во масите на пивницата Паб, соопшти СВР Велес.

Zito akcija 640x289px

„На 04.12.2021 год. oколу 00.40 часот во Велес на ул.„Благој Ѓорев“, пред угостителски објект, патничко возило „Сеат ибица“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Велес, излегло надвор од коловозот и  удрило во пешаците Ж.К.(26), С.Ч.(42), М.З.(45), Д.Д.(47) и А.З.(47). Во незгодата петте пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Бил извршен увид на местото на незгодата.

Содржината пордолжува под рекламата

Agria

Очекуваме информација за тежината на повредите констатирани во болница, по што ќе ги објавиме.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25537/foto-avtomobil-vletal-vo-veleshki-pab-edna-devojka-povredena/