Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани нови три случаи на ковид-19, додека осум велешани се оздравени.
Во последните 24 часа се регистрирани 276 нови случаи на ковид-19 од направени 2.720 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Содржината продолжува под рекламата
Новите случаи се од: Скопје – 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 35, Прилеп – 22, Кавадарци – 18, Штип – 9, Велес – 8, Куманово и Делчево – по 7, Кочани и Ресен – по 6, Берово, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе – 2, Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 5 починати лица: 2 од Скопје (82г и 82г), по 1 од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од МојТермин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.
Можеби ќе ве интересира: