Фудбалерите на Борец одиграа нерешено со екипата на Македонија Ѓорче Петров во рамките на 16 коло од Првата фудбалска лига.
Велешани добро го започнаа натпреварот, имаа иницијатива, но гостинската одбрана беше внимателна и сигурно го бранеше голот. Сепак по една нафрлена топка во шеснаесетникот на гостите во 35 минута, Крста Ѓорѓевиќ најдобро се снајде за водство на Борец од 1:0.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел скопјани тргнаа поофанзивно кон голот на Борец. Во 66 минута по еден прекин Абу Камара го доби дуелот со домашниот одбранбен играч и се запиша во листата на стрелци за израмнување на резултатот на 1:1.
Содржината продолжува под рекламата
Во 75 минута Адем го доби вториот жолт картон, тоа му овозможи на Борец да се бори за трите бода со човек повеќе на теренот. Но ударите на Јанкулов и Ѓоргиев не завршија во мрежата на гостите.
Можеби ќе ве интересира: