Со околу 2.000 тони месечно производство велешки „Брако“ e лидер во регионот во производството на жица и жичани производи.
Од почетните 200 тони во 2003 година од погоните на „Брако“ денес излегуваат околу 2.000 тони месечно жичани производи. Најголем дел од производството на „Брако“ е за извоз поточно дури 85% од производите се наменети за странскиот пазар, додека само 15% се продажба кон домашни компании.
Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, поцинкована жица, опружна жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.
Својата позиција како лидери во производството на жичани производи во регионот „Брако“ е со план да ја засили преку низа инвестициски активност во технолошки и просторни капацитети. Целта е во наредниот период со ставање во погон и на нови производствени капацитети во „Брако“ да се произведуваат 3.000 тони жичани производи месечно.
Своите производи следната година „Брако ќе ги промовира и на меѓународниот саем за жичани производи кој што од ќе се одржи на почетокот на мај следната година во Дизелдорф, Германија. Под слоганот „Join the best“ „Брако“ ќе има свој штанд и со ова ќе им се придружи на најдобрите и најголемите производители во индустрија во светски рамки.
Главен предизвик со презентацијата на „Wire Dusseldorf“ е токму очекувањето за постигнување на целта од 3.000 тона месечно производство во наредните четири години.
Можеби ќе ве интересира: