Во близина на Скопје, вечерва МВР во голема полициска акција заплени над 100 килограми марихуана, објави државната агенција МИА.
Во акцијата, според извори на агенцијата, има и преведени лица.
Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страната на Тетово.
Од МВР само потврдуваат дека ваква акција е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден.
Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми.
Извор на веста: 360stepeni.mk
Можеби ќе ве интересира: