Често не сме ни свесни дека нашите родители се сосема обични луѓе со вообичаени слабости, сè додека не стане доцна. Растеме, а на нив секогаш гледаме како на непобедливи лица. Одиме, се иселуваме од фамилијарното гнездо со некое чувство дека ништо не може да им се случи, дека секогаш ќе нè чекаат дома…
Со текот на времето тие стареат, а ние гледаме како нашите суперхерои се претвораат во баби и дедовци. Веќе воопшто не личат на оние луѓе од нашето детство… И, за жал, доаѓа време кога и тие умираат.
Тогаш на ум ви доаѓаат многу зборови што требало, а не сте им ги кажале и многу жалење.
Еве што се случува кога родителите умираат:
1. Стануваш свесен колку е важна фамилијата
Никој никогаш нема да те сака толку несебично како родителите. Во состојба се да ти приговорат ако скршнеш од патот, но никогаш не го прават тоа со лоша намера, туку исклучително за твое добро.
2. Тешко е да се преболи таа загуба
Додека ни се живи родителите, ние сме деца, без разлика колку години имаме. Кога ги нема, во човекот се вовлекува некоја тага. Стануваш свесен дека сега си некако чудно сам. Во сеќавање ти доаѓа ликот на мајката како те бакнува пред спиење, на таткото, кој те учи да возиш велосипед…
3. Те нервираат луѓе што се жалат од нивните родители
А ти би го дал целиот свет само уште еднаш да ги видиш, да ги прегрнеш и ти доаѓа да викнеш: „Будало, биди среќен што ги имаш, што се живи!“
4. Болката поради загубата е присутна секогаш
Тоа е единствената болка што никогаш не бледнее. Дури и кога сè ти е погодено, срцето малку ќе те штрекнува – нема да биде мирно бидејќи ти недостигаат. Често ќе ти се случува да плачеш толку силно, баш како и на денот кога заминале, бидејќи таа болка не поминува…
5. Нема да можеш да се помириш со фактот дека твоите деца нема да ги познаваат твоите родители – дека твоите родители нема да ги видат твоите деца
Ќе те убива фактот дека твоите родители не се на фамилијарните фотографии направени на празниците, тоа што твојата мајка не може да ѝ го пренесе тајниот рецепт за колачите на твојата ќерка, тоа што твојот син никогаш нема да ја дознае мудроста на твојот татко…
6. Ќе им завидуваш на луѓето чии родители се живи
Ќе бидеш љубоморен на твојот колега кога ќе оди кај мајка си на ручек. Ќе те убива фактот дека ти немаш кај кого да одиш за Божиќ, а некоја твоја другарка ќе се жали како мора да го помине празникот кај родителите, а баш сакала да оди во Виена или во Рим…
7. Божиќ, Велигден, семејната слава ќе бидат денови кога нема да се радуваш
Дури и ако имаш сопруг/сопруга или деца, празниците како Божиќ, Велигден или славата секогаш ќе те асоцираат на родителите и ќе ти биде многу, многу тешко што не се покрај тебе…
8. Ќе откриеш многу тајни
Со текот на времето до тебе ќе дојдат некои работи што не се вклопуваат во твојата слика за мама или за тато. Некои нивни ситни грешки ќе излезат на виделина, а ти нема да можеш да се оттргнеш од впечатокот дека не си ги познавал добро и тоа ќе те убива.
9. Кога ќе слушнеш среќна вест, автоматски ќе сакаш да им се јавиш на родителите и тоа да го споделиш со нив
Одвреме-навреме ќе се фатиш себеси како на мобилниот телефон ѝ вртиш на мама или на тато, а од другата страна има само молк…
10. Ќе ја сфатиш сета големина на твојата љубов кон нив
Оној ден кога исчезнале од твојот живот ќе сфатиш колку многу си ги сакал. И можеби не се веќе покрај тебе, но ти си единственото лице на светот што засекогаш ќе ги носи в срце.
Знаејќи ги сите овие факти, сега можеш да направиш само едно нешто: Сето слободно време да го поминуваш со своите деца. Нека имаат убави спомени од тебе!
Извор на веста: fakukteti.mk
Можеби ќе ве интересира: