Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи со КОВИД-19, девет починати и 289 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 409 случаи од Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.
Од деветте починати шест се од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Од 289 оздравени пациенти од Скопје се 161, Прилеп – 21, Охрид – 17, Кавадарци – 10, Куманово, Битола и Велес – по 9, Ресен – 8, Кичево – 7, Тетово и Гевгелија – по 6, Струмица – 4, Свети Николе, Радовиш и Богданци – по 3, Штип, Делчево Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Дебар и Македонски Брод – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а на активни случаи изнесува 4.801.
Можеби ќе ве интересира: