Во Големата сала на Општина Велес вечерва се одржа шеесет и второто издание на традиционалната манифестација „Избор на најдобар спортист и екипа на Велес за 2021 година“, во организација на Сојузот на спортови, а под покровителство на Советот на Општина Велес и Градоначалникот Марко Колев. На манифестацијата беа прогласени најуспешните спортисти и спортски работници во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Најпрестижното признание „Спортист на годината за 2021 година“ и се додели на Елма Шемсовиќ.
Содржината продолжува под рекламата
Годинава признанија се доделија на спортските манифестации кои се реализираа во текот на 2021 година како што се Ноќна атлетска трка 9 Ноември, Велешки пливачкиот маратон, Ендуро трка – Мото клуб Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Посебни признанија годинава се врачија на планинарот Тодорче Ѓеорѓиев, на Горан Јовановиќ од Хемо мак и Иван Костов од Кеги моби, на Анѓел Мицев Скакар за боречки вештини и на Дарко Николов од ГОК Борец.
За најуспешни судии прогласени се Маја Војдиновска – карате и Бошко Нацев – Кајак Бабуна. Во категоријата екипно млади третото место му припадна на Карате клуб Гладијатор, второто место на машкиот ракометен клуб Борец и првото место на Кајак кану клуб Вардар.
Во категоријата екипно сениори третото место му припадна на женскиот фудбалски клуб Борец, второто на Кајакарски клуб Бабуна и првото на градскиот одбојкарски клуб Борец. За тренер на млади категории за 2021 година признанието го доби Боби Војдиновски од КК Гладијатор, додека од сениорите Сашко Ванов од МВК Велес.
Признанија добија и најуспешните млади спортисти за 2021 како и сениорите во сите категирии, како и претставниците на училишниот спорт на ООУ „Васил Главинов“ и Гимназија „Кочо Рацин“.
Можеби ќе ве интересира: