Зголемен број на ново заразени пациенти со коронавирусот

Bolnica Veles
Bolnica Veles

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Zito akcija 640x289px

Направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 280, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 298 оздравени пациенти од:

Скопје – 171, Битола – 19, Прилеп – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 8, Штип, Ресен и Гостивар – по 7, Охрид и Гевгелија – по 6, Крива Паланка и Богданци – по 4, Кочани, Македонски Брод и Берово – по 3, Кичево, Неготино, Радовиш и Демир Хисар – по 2, Тетово Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (57г, 64г и 81г), две починати лица од Битола (46г и 80г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, бројот на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: