И Заев и Мицкоски со честитки за Божиќ

Zaev-Mickoski-1-960x540@2x
Zaev-Mickoski-1-960x540@2x

Премиерот во оставка Зоран Заев го честита Бадник и посака празникот предвесник на Христовото раѓање, да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција.

Zito akcija 640x289px

-Денешниот ден, кој традиционално го прославуваме со семејствата, нека помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција.

Agria

Семејните вредности, топлината и почитта, нека се шират и пренесуваат меѓу сите граѓани. Да помислиме и да помогнеме на сите луѓе, и на оние кои во изминатиот период изгубија некој близок, или се соочуваат со други тешкотии. Да ги отвориме срцата за добрини, разбирање и слога. Во мир, спокој, заедништво и надеж, да ја дочекаме веста за раѓањето на Исус Христос, стои во објавата на Заев.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Рождество Христово Божиќ која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално:

Дозволете ми од мое лично име, и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам најголемиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ, тоа е денот кога започнува спасението, зошто да не беше Божиќ, немаше да го имаме Велигден, а со тоа и Воскресението и Божјото спасение за луѓето. Во мигови како овој важно е да бидеме сплотени, со чесна мисла, и со добри дела, само така ќе имаме мир и спокој во душите, но и во рамките на нашите можности ќе го менуваме општеството на подобро. На трпезите оваа година за жал ќе имаме една горчина поради се поголемата економска криза и немаштија и тоа се работите кои човека го оставаат нерамнодушен, но и треба да се голем поттик за работите да ги менуваме, а ќе ги менуваме заедно, со верба, надеж, знаење и мотив за иднина каква ја заслужува секој еден човек. Затоа сплотени и со верба во Бога да работиме за подобро, да создадеме услови кои ќе значат поттик и ослободување на интелектуалната сила и креација на секој еден човек, да ја ставиме на располагање секој движечка сила во функција на заедничкиот развој и промени кои ќе донесат иднина.Нека Христос ви подари мир и спокој, да ве води низ животот и да биде вашата сила, за хармонија, развој вам и на вашите семејства, напиша Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: