Од болницата информираат дека има слободни 36 болнички кревети. Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов изнесува 21 пациент што е за двајца пациенти помалку од вчерашниот ден.
Содржината продолжува под рекламата
Од нив, девет имаат позитивни тестови, двајца пациенти се сомнителни на вирусот, а 10 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 11 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 14 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти. Во последните 24 часа хоспитализирани се двајца пациенти, додека четири пациенти се испишани.
Можеби ќе ве интересира: