Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 16 случаи со ковид-19, а во истиот период се забележани и 11 оздравени пациенти.
Направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од:
Скопје – 185, Битола – 27, Прилеп – 26, Кавадарци – 15, Велес и Ресен – по 11, Куманово – 9, Македонски Брод – 7, Охрид, Тетово и Кичево – по 5, Богданци – 4, Гевгелија, Штип, Струмица и Кочани – по 3, Делчево, Струга и Пробиштип – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.
Можеби ќе ве интересира: