Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 20 случаи на коронавирусот, а во истиот период се оздравени и пет оздравени велешани.
Ширум земјава се направени 7.932 тестирања, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 641, Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, Куманово – 39, Кавадарци – 34, Штип – 33, Гостивар – 26, Струмица – 23, Тетово – 21, Велес – 20, Крушево – 16, Кочани – 14, Гевгелија – 13, Кичево и Струга – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 6, Виница – 5, Неготино и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Демир Хисар и Дојран – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Битола – 23, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Прилеп и Кочани – по 6, Кавадарци и Велес – по 5, Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4, Охрид – 3, Штип – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.
Можеби ќе ве интересира: