Реклама

(ВИДЕО) Македонските ракометари добија химна

Европското ракометно првенство за мажи почнува утре во Унгарија и Словачка, а македонската репрезентација во првото коло од групата игра против Словенија. Македонската навивачка фаланга веќе патува кон унгарски Дебрецин, каде што е базата на македонските ракометари. Освен реквизитите, навивачите овој пат се засилени и со новата навивачка химна „Европско од сон“.

Содржината продолжува под рекламите

Zito akcija 640x289px

Песната и спотот за темата „Европско од сон“ е создадена, финансирана и отпеана токму од навивачи, а посветена е на ракометната репрезентација. Во неа е опеан и нашиот ракометен дијамант Кирил Лазаров.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Со Кире да биде, ова Европско од сон” е една од строфите.

Содржината продолжува под рекламата

Песната ,,Европско од сон,, е дело на Филип Неделковски (музика), Огнен Неделковски (текст) и Ангел Ќосев (аранжман и продукција). Режисер на спотот е Дарио Јанковиќ.

Погледнете ја навивачката песна „Европско од сон“: