Полициски службеници од ОВР Неготино синоќа во 22 часот на регионалниот пат Неготино-Велес, во близина на село Ногаевци, во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Сирија и три од Сомалија.
Содржината продолжува под рекламата
Како што соопшти МВР, со лицата бил извршен службен разговор, по што биле сместени во Прифатно–транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.
Содржината продолжува под рекламата
Од МВР информираа дека се работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: