Во второто полугодие учениците да бидат ослободени од носење заштитни маски во училишните клупи. За ова обврска нека одлучуваат родителите. Вака апелираа од Здружението „Слобода и правда“ на денешниот моторизиран протестен караван по улиците на Струмица.
Содржината продолжува под рекламата
Ова барање тие го доставиле до сите основни и средни училишта и сметаат дека за носењето заштитни маски да одлучуваат училишните одбори.
Содржината продолжува под рекламата
Здружението „Слобода и правда“ речиси една година секоја недела организира протести. Сметаат дека вакцинацијата треба да биде право на избор. Паралелно со тоа тие не се согласуваат со мерките за ограничување на невакцинираните.
Можеби ќе ве интересира: