Фудбалерите на Борец се поразени на првиот подготвителен натпревар во турскиот туристички центар Анталија. Унгарската екипа МТК беше подобра со резултат 5:1. Во почетниот состав на унгарскиот тим се најдоа и двајца македонски репрезентативци Бојан Миовски и Стефан Спировски.
Содржината продолжува под рекламата
Унгарците поведоа со голот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во 15 минута, a стрелци на головите беа уште Георге Грозав, Андреј Кадлец, Марко Футач од пенал и Себастијан Херера. За велешани стрелец на единствениот погодокот беше Кристијан Николовски.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани главната фаза на подготовки ќе ја минат во овој турски туристички центар и главна база на повеќето од фудбалските клубови од Европа. Покрај МТК, Борец ќе игра и против Кашпи од Казахстан и Кабала од Азербејџан.
Можеби ќе ве интересира: