Велешкиот фудбалски прволигаш Борец ја забележа првата победа во контролен натпревар на подготовките во турскиот туристички центар Анталија. Со голот на Ѓоре Ѓоргиев Борец славеше над Каспиј Актау од Казахстан со резултат од 1:0.
Содржината продолжува под рекламата
На првиот контролен натпревар кој се одигра во понеделникот, велешани беа совладани од екипата на МТК со високи 5:1. Стрелец на погодок за Борец беше Кристијан Николовски.
Содржината продолжува под рекламата
Покрај натпреварите со МТК и Каспиј Актау, Борец ќе одигра уште два тест натпревари против Кабала од Азербејџан на 21 јануари, и против ЦСКА Софија на 24 јануари. Пролетниот дел од првенството започнува на 13 февруари против екипата на Скопје.
Можеби ќе ве интересира: