Фудбалерот на Жилина, Енис Фазлагиќ, ќе биде нов фудбалер на полски Висла Краков. 13 кратниот шампион на Полска се договорил со Жилина за трансфер на македонскиот младински репрезентативец. Висла ќе му плати на словачкиот тим обештетувње од 500.000 евра.
Содржината продолжува под рекламите
Инаку Фазлагиќ е роден во велешкото село Горно Оризари. Оваа сезона Фазлагиќ одигра 24 натпревари и забележа три асистенции. Во минатото беше дел од Шкендија и од младинсите категории на Вардар, а беше дел и од Скопје.
Содржината продолжува под рекламите
Фазлагиќ е актуелен репрезентативец на Македонија до 21 година и претходно беше дел од сите младински селекции.
Можеби ќе ве интересира: