Уште еден случај на заболен со коронавирус во Велес

Veles 28.03.2020

Нов случај на заразен со коронавирус во Велес. Вирус го добил од еден од претходните девет заразени велешани. Тој е хоспитализиран на инфективното одделение на велешката болница. Со тоа, бројката на заразени со Ковид-19 во градот сега достигна 10.

Бројот на новозаболени во земјава пак се зголеми за 72 за последните 24 часа, со што вкупниот број сега изнесува 555 лица.

Agria
Corona 2

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: