Сообраќајната полиција во Велес вчера изрече вкупно 14 мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
„На 31.01.2022 во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници на СВР Велес спроведоа акциска контрола на возачи кои не почитуваат првенство на минување на пешаци. Притоа, биле констатирани и санкционирани 14 прекршоци“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Можеби ќе ве интересира: