Постигнат договор за покачување на минималната плата

luge, narod

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва обелодени дека е постигнат договор за минималната плата од 18.000 денари.

Zito akcija 640x289px

„Заврши економско-социјалниот совет. Над 80.000 граѓани ќе се извлечат над прагот на сиромаштијата. Работниците во разни индустрии ќе земаат најмалку 18.000 денари. Ова ќе значи раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Платата ќе се исплаќа на почетокот на април“, информира Ковачевски на прес-конференција во владата.

Agria

Според него, со дефинирањето на оваа плата, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата.

„Очекуваме оваа мерка позитивно да влијае и на сите останатите плати во сите индустрии“, порача Ковачевски.

Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија изјави дека добивката денес не е само зголемувањето на минималната плата, туку и зголемувањето на сите други плати. Димовски рече дека денес сите се победници. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27444/povtorno-pokachuvane-na-czenite-na-gorivata/