Сообраќајната полиција во Велес вчера изрече вкупно шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
„На 07.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани шест прекршоци“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Можеби ќе ве интересира: