Отворен првиот мал семеен дом за лица со попречености во Велес

На пет досегашни штитеници на Специјалниот завод за лица со попреченост од Демир Капија, оваа куќа во Велес им е нов дом. Наместо ладни ходници и големи спали соби, сега секој од нив има своја соба, свое шкафче, свое интимно катче. Во Велесд денеска се отвори првиот мал групен дом, во кој живеат лица со попречености. Овој проект за деинституционализација, кој државата го почна пред пет години, за прв пат се реализира во соработка со невладините организации. Штитениците на овој дом имаат 24 часовна поддршка од стручен кадар, вели Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа.

Zito akcija 640x289px

„За да понудиме добра, квалитетна грижа, како невладина организација се потрудивме да обезбедиме стручен кадар, асистенти кои што ќе работат со лицата со попреченост и го надоградуваме овој кадар, со цел да можеме да им обезбедиме подобра грижа, подобра нега, да направиме нивна социјализација и интерација во општественото живеење, што всушност и самата деинституционализација го бара“, рече Далиборка Златева од Здружение на лица со церебрална парализа од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во последните пет години, од големите специјални установи извлечени се половина од вкупно 480 лица со попречености и се сместени во мали групни домови. Веќе ниту едно дете под 18 години нема во специјалните установи. Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска вели дека спроведувањето на овој проект е еден од врвните приоритети на владата.

Содржината продолжува под рекламата

„Малиот групен дом на новите станари им дава можност да се чувствуваат рамноправни жители на заедницата, бидејќи домот во кој живеат, овој дом пред кој сме денес собрани, кој што го отворивме, не е различен и не е поинаков од домовите, кои што се во ова соседство“, рече Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Неопходно е подигнување на јавната свест за лицата со попреченост, за тие да не се чувствуваат поразлични од другите, порача градоначалникот на Велес Марко Колев, кој вели дека од отворањето на овој дом голема корист има и општината.

„Општина Велес е прва во овој процес и јас како градоначалник останувам силно посветен на добросостојбата и подобрувањето на квалитетот на животот на лицата со попреченост“, рече Марко Колев, градоначалник на Велес.

Велес е четвртиот град по Скопје, Неготино и Демир Капија во кој се отвора мал групен дом. Златева најави дека во Велес и велешко се планира отворање на уште четири. Групниот дом во Велес е финансиски поддржан од Европската унија и од невладината ЦеПроСард.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: