Велешанец фатен со 11 пакувања хероин

heroin pakuvanje

Од страна на полициски службеници на СВР Велес денеска бил лишен од слобода В.Ј. (33), од Велес откако кај него бил пронајден прашеста материја со кафеава боја (хероин).

Zito akcija 640x289px

Како што информираат од МВР, по наредба од судија за претходна постапка, извршен бил претрес во домот на В.Ј., при што во дворот биле пронајдени 11 пакувања со прашеста материја со кафеава боја (хероин), една вага и 50.000 денари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: