„Брако“ со годишно производство од 1.700 тона и повеќе од 1.000 различни приклучни елементи за виљушкари

Brako CNC

Програмата за производство на приклучни елементи за виљушкари е еден од бројните успешни
проекти низ постоењето на металопреработувачкиот гигант „Брако“ од Велес. Благодарение на професионалниот пристап, уште на самите почетоци, пред речиси 15 години, прецизно се дефинирани и разработени целните производи од оваа програма, за кои „Брако“ во рекордно време започнува со сериско производство и со зголемување на асортиманот и количините на производство.

Zito akcija 640x289px


Станува збор за годишно производство на повеќе од 1.000 различни видови на приклучни елементи за
виљушкари со вредност од околу 4 милиони евра или речиси 1.700 тона челични производи, наменети
за западноевропскиот пазар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Единствен начин да се постигне тоа е компанијата да располага и континуирано да инвестира во
најсовремена и високопродуктивна производна опрема, флексибилна автоматизација на
производствениот процес, технолошко знаење, професионален и мотивиран кадар. Како одговор на барањата на пазарот, клучни се и амбициите и инженерскиот потенцијал за развојот на нови и поконкурентни производи.

Содржината продолжува под рекламата

„Чест ми е да истакнам дека ’Брако’ направи развој на дизајн и решение за повеќе од 100 различни
видови на производи, токму во програмата за производство на приклучни елементи за виљушкари,
кои денес се изработуваат во сериско производство и истите може да се видат како се користат
насекаде низ Европа. За еден инженер нема поголемо задоволство од тоа да види дека она што
произлегло од неговите идеи, од неговиот цртеж и од производствените капацитети во фабриката во
која работи, се користи на наменските пазари и функционира беспрекорно“, вели одговорниот проект
менаџер, Александар Наумов.

„Брако“ располага со најсовремена опрема во сите сегменти на производствениот процес, иста онаква
со каква што располагаат металопреработувачките компании во развиените земји. Денес во „Брако“ може да се видат голем број на CNC управувани машини за ласерско и плазмено сечење на лимови и цевки, роботи за заварување, металорезачки машини, автоматски линии за заварување  и тоа од познати светски производители.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: