Реклама

Димовски: Вложуваме натчовечки напори да ги опслужиме сите!

Изразувам сочувство до семејството на починатиот 78-годишен велешанец, но давам и јавна поддршка за сите вработени во Итната медицинска помош, вели директорот на Здравствен дом Велес, Никола Димовски.

Zito akcija 640x289px

Откако семејството на полинатиот вчера прстот го впери и во оваа институција, за која обвини дека едвај ја намолиле да испрати амбулантно возило, денеска директорот Димовски вели дека вработените од Итната помош постапиле максимално одговорно и професионално, почитувајќи ги сите стандарди, протоколи и етички норми.

Agria

„Лично сметам дека во настани како вчерашниот, неблагодарно е да се суди, осудува, критикува. Особено во првичните мигови на шок, кога емоциите се доминантни. Единствено нешто, што како менаџер на една од најважните здравствени институции во Велес и регионот можам да потврдам е, дека и во конкретниот случај, вработените во Брзата помош имаат постапено максимално одговорно и професионално. Почитувајќи ги сите стандарди, протоколи и етички норми“, вели Димовски.

Тој тврди дека Здравствениот дом во Велес располага со сѐ што е потребно, за да се извршуваат секојдневните обврски во справувањето со оваа непредвидена ситуација.

„Со целосна одговорност можам да потврдам и дека сите здравствени работници во ЈЗУ Здравствен дом вложуваат натчовечки напори, за да ги опслужат потенцијално заразените од вирусот, но и сите останати граѓани. А при тоа, да внимаваат и да не се заразат лично. Прво, заради самите себе, но и заради сите нас“, вели директорот Димовски.

Тој апелира дека грижата за јавното здравје треба да биде заедничка одговорност.

„За да ја надминеме со помали последици оваа пандемија, која го затече целиот свет, сите сме важни. Со нашето одговорно однесување да им помогнеме на здравствените работници, како и на сите останати во “првата линија на фронтот”. Велес засега добро се држи.
Од сите нас зависи дали ќе остане така“, смета Директорот на Здравствен дом Велес, Никола Димовски.