Ракометарите на Драчево беа убедливи против екипата на Борец и славеа со седум гола разлика, 34:27, во првиот натпревар од продолжението на Првата ракометна лига.
Домашната екипа започна максимално ангажирано и од почетокот создаде убава предност. Ракометарите на Борец премногу грешеа во нападот, а тоа умешно го користеа домашните кои на полувреме заминаа со предност од 15:9.
Содржината продолжува под рекламата
И во вториот дел иста слика на теренот, а во 45 минута домаќините ја имаа највисоката предност од 10 гола 26:16. Сепак со поангажирана игра во продолжението велешани намалија на конечни 34:27.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен на натпреварот беше Петковски со 11 постигнати погодоци, додека кај Борец најефикасни беа Табаков со седум, и Лазе Стојанов со шест постигнати погодоци.
Можеби ќе ве интересира: