Ново поскапување на горивата, бензинот за еден денар, дизелот за половина денар

benzin
benzin

Осма седмица по ред расте цената на горивата, а Регулаторната комисија за енергетика реши во следните седум дена цените на горивата да се зголемат, за еден денар за бензинот, и половина денар за дизелот.

Zito akcija 640x289px

Според новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 82 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по цена од 74 денари за литар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со одлуката на РКЕ за 0,046 денари за килограм се намалува цената на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 46,491 денари. Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 3,904 отсто и кај дизелот за 2,74 отсто, како и за 1,804 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: