Сообраќајната полиција вчера во периодот од 9 до 13 часот спровела акциска контрола на пешаци во Велес, при што на 51 пешак им била изречена казна.
„На 15.02.2022 во периодот од 09.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат пешаците. Притоа, биле констатирани и санкционирани 51 прекршоци“ соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Можеби ќе ве интересира: