Со мечот во Велес меѓу Борец и Шкендија, се отвора 20.коло или второ пролетно во ПМФЛ. Актуелниот првак Шкендија пролетва тргна силно. Успеа на свој терен да ја победи Струга ТЛ со 3:1. Сепак иако е втора, разликата во однос на лидерот Шкупи е преголема, па така секој кикс на шампионот ќе значи и збогување на сите надежи дека до крајот тетовци ќе можат да го стигнат тимот од Чаир.
Новост во тимот на Борец е што на овој натпревар се очекува тимот да има мексикански шмек. Регистриран за настап е Омар Новело, 24-годишен играч од средниот ред кој доаѓа од Оаксака. Тимот ќе биде предводен од нов тренер – Баже Левков, кој има задача да го зачува во елитата.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот се игра на стадионот во Велес со почеток од 14 часот, а ќе суди Кирил Смоковски од Прилеп. Останатите пет средби од 20.коло во ПМФЛ се играат утре.
Можеби ќе ве интересира: