Денеска во рамките од 20 коло во Првата македонска фудбалска лига составот на Шкендија ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Велес кај Борец триумфирајќи со 0:3. Стрелци на головите беа Кире Маркоски во 43., Ангелче Тимовски во 60. и Бруно Дита во 78. минута од средбата.
Со овој пораз велешани се на претпоследната 11 позиција со 13 бодови, место кое води кон понизок ранг на натпреварување, додека тетовци се на минус пет во однос на лидерот Шкупи кого утре го очекува средба против Работнички.
Содржината продолжува под рекламата
Следното коло велешани се одново домаќини, овојпат на екипата на Струга Трим Љум.
Можеби ќе ве интересира: