Цената на нафтата скокна по обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин и поскапе на 96,7 долари за барел.
Да потсетиме, тој во своето обраќање до нацијата ја призна независноста на Доњецк и Луганск.
Цената на фјучерсите на нафтата Брент (купување за испорака во следниот период по договорената фиксна цена) порасна на речиси 97 долари за барел, покажуваат податоците на порталот „oilprice.com“ кој ги објавува цените во реално време.
Американската сурова нафта WTI исто така поскапе.
И покрај претходната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за средба за украинската криза, цените на нафтата се на нагорна патека поради страв од потенцијални прекини во снабдувањето по најавата на Кремљ за непосредни планови врзани со тој состанок.
Американската берза денеска беше затворена поради празникот Денот на претседателот.
Ројтерс наведува дека зголемувањето на цените на „црното злато“ е донекаде ограничено со можноста за враќање на пазарот повеќе од милион барели иранска сурова нафта на ден, бидејќи укинувањето на американските санкции за иранскиот извоз на тој извор на енергија е очекувано.
Можеби ќе ве интересира: