Поради немирите во Украина драстичен скок на цената на гасот во Европа

Берзанската цена на гасот во Европа за време на денешното тргување порасна за 35 отсто и надмина 1.400 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Zito akcija 640x289px

Цената на мартовските фјучерси во референтниот центар TTF во Холандија се искачи на 1.414,5 долари за илјада кубни метри, или 120 евра за мегават-час.

Agria

Заклучно со 8:30 часот, растот на цените забави на 27,9 отсто на 1.317 долари за 1.000 кубни метри, или 113,68 евра за мегават-час. Цените пораснаа од почетокот на руската инвазија на Украина утринава.

Вчера американскиот претседател Џо Бајден нареди на неговата администрација да воведе санкции за учесниците во проектот за гасоводот Северен тек 2 како одговор на руската агресија во Украина.

На 21 февруари Владимир Путин објави дека Русија го признава суверенитетот на регионите Доњецк и Луганск во Украина. Со нивните лидери беа потпишани договори за пријателство, соработка и заемна помош.

Официјалниот претставник на Гаспром Сергеј Купријанов за руската агенција ТАСС го потврди продолжувањето на транзитот на гас преку Украина за клиентите во Европа.

„Гаспром редовно транспортира гас низ Украина во согласност со барањата на потрошувачите од Европа, кои денес изнесуваат 83 милиони кубни метри“, рече Купријанов. Тој додаде дека станува збор за зголемување од 31,4 отсто во однос на вчерашниот ден.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27843/veleshani-itno-sme-potrebni-za-pomosh-majka-od-veles-moli-za-pomosh-na-svojot-sin/