Лука Трајковски со највисока вредност на пазарот од Борец

Luka Trajkovski

Трансфермаркт, специјализираниот сајт за вредноста фудбалерите ја процени и вредноста на клубовите и фудбалерите кои се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига. Велешката гордост Борец е проценет на 2.9 милиони евра.

Zito akcija 640x289px

На почетокот на оваа сезона екипата на Борец беше „тешка“ 1.5 милиони евра, за да сега вредноста на клубот се зголемила на 2.9 милиони. Најскапо вреднуван играч е Лука Трајковски, кој на стартот од сезоната беше оценет дека вреди 150 илјади евра, додека сега тој вреди дупло повеќе, 300 илјади евра.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во Првата македонска фудбалска лига очекувано најскап клуб е Шкендија со 6.380.000 евра ако се земат сите суми на играчите на овој клуб, инаку актуелен шампион на Македонија. Следува лидерот Шкупи со 5.600.000 евра, што е голем напредок на чаирчани.

Содржината продолжува под рекламата

Борец како и на табелата така и како по вредност не котира високо со останатите клубови и се наоѓа на девето место. Под Борец се само Скопје со 2.290.000 евра, Тиквеш со 2.130.000 евра и Пелистер со 1.310.000 евра.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: