Османи: Амбасадорот, дипломатот и двајца други граѓани кои се во македонската амбасадата, поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница

Bujar Osmani

Македонскиот амбасадор во Украина, уште еден дипломат во Киев заедно со уште двајца други наши граѓани се во скривница, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Zito akcija 640x289px
mak ambasador vo Ukraina

Тој рече дека МНР е во постојан контакт со нив и се обидува да ги евакуира.

Agria

„Амбасадорот и дипломатот и двајца други граѓани кои се во амбасадата поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница отколку во Амбасадата. Не може ни да одат во нивните резиденции туку остануваат и преспале во Амбасадата. Се обидуваме да ги евакуираме. Јас имав неколку контакти со колеги и министри од регионот, има околу 20-ина амбасадори на ЕУ во Киев кои исто така не може да излезат. Правиме аранжмани, доколку која било од овие земји што имаат амбасади таму обезбеди прв транспорт, да можеме и нашите дипломати да ги извадиме до Полска“, изјави Османи.

Во источниот дел на Украина заглавено е и семејство со едногодишно дете, а има и граѓани кои се во Одеса за кои МНР контактирало со Бугарија која има таму конзулат со цел заедно со бугарските да ги евакуираат и македонските граѓани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27901/luka-trajkovski-so-najvisoka-vrednost-na-pazarot-od-borecz/