Со хеликоптер се трага по 10-годишното момче кое исчезна вчера

helikotper
helikotper

Сеуште се трага по десет годишното дете, кое синоќа исчезна околу 16 часот во селото Врбско во Мариово. Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР. Досега сѐ уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби.

Zito akcija 640x289px

Според СВР Битола таткото на исчезнатото дете пријавил синоќа околу 18 часот дека неговиот син го снемало од селото.

Agria

Спасе Чакревски, од селото Витолиште меѓу првите се вклучил во потрагата. Раскажува дека таткото со сопругата и трите деца, меѓу кои десет годишниот Петар живеат во Прилеп, а од вторникот биле во селото Врбско каде имаат пчелни семејства. Потрагата била речиси цела ноќ, но, за жал, сѐ уште нема трага од детето. Околината е крајно непристапна, а детето било лесно облечено.

„Само селото Врбско каде што е на плато е прегледно, а од сите страни е заградено со ниско стеблеста шума, во најголем дел тиса, чалија и капини и е тешко достапно. Убиствено недостапно. Родителите кажаа дека детево не зборува има ментален хендикеп, не е комуникативно и потенциираа дека доколу забалежи дека некој се движи има можност да се скрие“, кажа Спасе Чакрески, жител на село Витолиште.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: