„Бев спокоен првиот ден, но психички попуштам малку. Се слушаат татнежи затоа што сме на само шест километри од првата населба во Киев. Ноќта нема да биде мирна“, вели за ММС велешанецот Игор Ангелов, кој е во брак со Украинка.
Сирените кои означуваат воздушен напад на Украина го разбудиле Игор уште рано в зори на првиот ден од руската офанзина, но потоа цел ден било мирно. На вториот ден од нападот се слушале татнежи кои ги треселе прозорците од неговиот дом во Зазимја, село кое е на 23 километри од центарот на Киев каде што денес се водат жестоки борби. Морал да ги подотвори прозорците за да не пукнат и вели дека е среќа што не е ладно како лани.
„Не видов ниту украински ниту руски тенкови, но беше страшно. Првиот ден бев спокоен, но сега психички попуштам, посебно откако знам дека моите се загрижени за нас многу. Второто утро беше мирно, иако на вести видов дека е нападнат Киев уште во 4.25 часот по украинско време или 3.25 по македонско. На жена ми мајка и, има брат кој ни кажа дека украинската армија наместила противвоздушна одбрана среде згради во Киев. Руски авион бил погоден и се забил во зградара во која се бројат жртви“, вели велешанецот екслузовно за порталот ММС.
Тој разговарал со македонскиот амбасадор кој му рекол дека ќе ги извлечат, но ќе помине време и тоа нема да се случи за 24 часа. Амбасадарот му предложил да си замине со автомобил, но Игор вели дека освен со автобуски бегалски карван или авионски превоз не размислува за друга опција затоа што не се чуствува безбедно.
„Јас му реков дека сум исплашен. Тука оружје се дели на сите Украинци кои ги испразнија продавниците со вотка и виски. Замислете, тие се воинствени, комбинацијата од алкохол и оружје ме плаши. Јас ги почитувам многу украинците, но што ако некој дојде и ми рече „што бараш тука, ти си странец“. Напнато е, стоиш во продавница да си купиш леб и одеднаш татнежи. Во Киев моментално врие, има 100 руски тенкови, а Зеленски ни вика да се браниме со молотиви коктени ако видиме возило со буквата „З“. Киев е голем околу 48 на 43 километри е со со сите регии, додаде тој.
Игор Ангелов е женет за украинка од ноември 2014 година. Не си тргнал превреме затоа што детето нема документи и планирал сега да му вади пасош.
„Последниве две години живеам тука, а претходно на лето одев на Кипар каде што работев како рецепционер. Заработувавме убаво. Во селово кај мене има 2000 бедни жители како јас, и 3000 жители кои се богаташи со хациенди затворени со зидови. Регионот е Киевска област 23 километри од центарот. Тука е рамно како писта, нема ни рид, ни планина. Мириса на барут, кај нас нема војници, но на два километри кај што се поврзуваат нашите села, ми рекоа дека поминале руски тенкови“ рече Ангелов за ММС.
Интернетот и електричната енергија фунционираат, ништо не е прекинато засега, а залихи во продавниците има доволно. Но, Игор ја гледа омразара во Украина и вели дека никој од нив, ниту русите не разбираат зошто војуваат меѓу себе.
„Украина не важи за богата земја како што не учеа на училиште. Лебот е 35 до 40 денари и тоа најевтиниот леб. Знаевме дека е цела житница и големи руди. Рудите им ги земаа русите во Донецк и Луганск и ништо не им останува на украинците. Просечната плата во Киев беше 500 евра, но тоа е малку оти стандардот е поголем таму. Јас во 2014 година кога дојдов лебот беше девет денари, а сега 36 до 40.
Игор Ангелов нема храброст да замине за автомобилот за Македонија. Но и да тргне, има само пет литри бензин во автомобилот, на бензиските горивото е ограничено, а банкоматите не фунционираат.
„Немам храброст да одам, некои мостови се урнати. Тоа со мобилазицијата мислам дека нема да ме фати. Имам украинска лична карта, ја добив лани на постојан десетгодишен престој. На жена ми и дојде покана ако сака да се пријавиме во селската општина за цивилна заштита, но и реков да размислиме за одлуката, рече Игор, кој мисли дека состојбата ќе се смири за неколку дена откако украинската власт ќе капитулира за да се спречи да гинат невини луѓе.
Извор на веста: MMS
Можеби ќе ве интересира: